Извршителка од Штип ја злупотребила службената положба

by fokus

Извршителка од Штип заработи кривична пријава поради „злоупотреба на службената положба“, пренесуваат од МВР.

„СВР Куманово поднесе кривична пријава против В.К.(46) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Во периодот од 2017 до 08.02.2019, пријавената, во својство на извршител за подрачјето на Основните судови Куманово, Крива Паланка и Кратово, постапила спротивно на пресудата од Основен суд Куманово и паричните средства во износ од 310.000 денари, кои биле резервирани на нејзина сметка, наместо да ги врати на С.В., противправно ги присвоила“, додаваат од МВР.

Поврзани новости