Владата ќе издвои 2,9 милиони евра за купување канцеларија за Мисијата при НАТО во Брисел

by fokus

Владата на денешната 163 седница ја усвои информацијата за купување и адаптација на деловен простор во седиштето на Северноатлантската алијанса во Брисел за потребите на Мисијата на Република Македонија при НАТО со Предлог-одлука за купување со непосредна спогодба на недвижни ствари.

Според информацијата, предвидени се 2.872.255 евра за купување 996,37м2  (878,10м2 нето) на административните простории, за паркингот и за реализација на градежните работи на адаптација.

Поврзани новости