Извлечени групите за Лигата на шампиони: Вардар против Веспрем, Киелце и Кил

by fokus

Европскиот ракометен шампион Вардар предмалку ги доби противниците во новата сезона од Лигата на шампионите.

Вардарци оваа година се најдоа во групата „Б“, а за ривали ги добија Веспрем, Киелце, Монпелје, Мотор Запорожје, Мешков Брест, Кил и Порто.

Најдобриот тим од групата ќе се пласира директно во четвртфиналето на најпрестижното ракометно натпреварување, додека екипите од второто до шестото место ќе играат осминафинале со останатите екипи од групите.

Поврзани новости