Заев: Уште еднаш ќе ја покачиме минималната плата

by fokus

Премиерот Зоран Заев на денешната собраниска седница најави дека минималната плата повторно ќе биде зголемена.

-Просечните плати во нашата земја, на ниво на приватен сектор растат и продолжуваат да растат. 6.6 проценти се зголемени и ќе бидат дополнително зголемени заради тоа што работиме како Влада, со комплетен фокус за пораст на платите. Ќе се покачи уште еднаш минималната плата, којашто секако ја отвора спиралата на покачување на платите и тие ќе растат“, истакна премиерот.

За реконструкцијата на Владата, Заев рече дека таа се прави со цел видливите владини резултати, на половина од мандатот да бидат уште поголеми, и во интерес на сите граѓани.

Поврзани новости