Известувачите на ПССЕ се загрижени за македонското малцинство во Бугарија

by fokus

Во извештајот на мониторинг комисијата на Парламентарното Собрание на Советот на Европа (ПССЕ) во рамките на пост-мониторинг дијалогот со Бугарија, за кој ќе расправа во четврток, германскиот парламентарeц Франк Швабе од групата на социјалистите и унгарскиот Золт Немет од групата на Народните партии, го поздразвуваат како значаен напредок на надворешната политика на Бугарија Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Република Северна Македонија. Но, истовремено тие изразуваат загриженост поради непочитувањето на правата и говорот на омраза на кое е изложено непризнатото македонското малцинство, јавува дописникот на МИА од Стразбур.

Германскиот парламентарeц Франк Швабе и унгарскиот Золт Немет,  во името на комисијата за следење на обврските на земјите членки, препознава дека Бугарија постигнала напредок од донесувањето на последниот извештај за пост-мониторинг дијалогот во 2013 година.

Тие притоа нагласувааат дека „главен настан во областа на надворешната политика, е потпишувањето од  Бугарија на договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Република Северна Македонија. Со овој договор им се стави крај на 18 години преговори и тоа претставува голем чекор напред“- велат известувачите.

Понатаму тие се осврнуваат и на отворениот проблем со „непризнатото“ македонско малцинство во Бугарија.

За време на посетата на Бугарија, Франк Швабе и Золт Немет се сретнаа со претставници на граѓанското општество кои работат на малцинските прашања, вклучувајќи ги и претставниците на Ромите и Македонците. Во нивниот извештај тие споменуваат неколку причини за загриженост кои им биле пренесени од претставниците на малцинството.

Македонското малцинство не е признаено како такво од бугарските власти поради строгата примена на формалните критериуми, иако оваа група на повеќе пати ја изрази својата желба да ги има поволностите од заштитата со Рамковната конвенција за заштита на малцинстватам стои во извештајот.

Тоа за известувачите претставува  „извор на загриженост за македонското малцинство. Поради овие причини македонско малцинство нема претставник во Советот за малцинствата. Македонците немаат програма за етничките заедници и не добиваат државна помош за зачувување и развој на нивната култура и идентитет. Ниту македонски јазик, ниту историја не се учи во училиштата. Не е регистрирана ниту една македонска организација. Нашите соговорници сметаат дека припадниците на нивната заедница се дискриминирани.“,нагласуваат Франк Швабе и Золт Немет.

Поврзани новости