Изминатата недела починале за 71% повеќе заразени од Ковид-19, во споредба со неделата претходно

by fokus

Од извештајот на Институтот за јавно здравје, за минатата недела, може да се забележи дека бројот на заразени од Ковид-19 во изминатите 7 дена се зголемил за 27,4%, а биле направени 13.993 тестови. Од тестираните 24% биле позитивни.

-Регистрирани сe 3.410 нови позитивни случаи од 35 градови во државата што претставува зголемување од 27,4% во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје, се посочува во извештајот.

Изминатата недела е заболежен и голем раст на смртните случаи, за разлика од претходно, бидејќи за една недела пријавени се 84 смртни случаи што е зголемување за 71,4% во однос на неделата претходно.

-Во однос на возраста, 70 лица биле над 60 години, 13 лица на возраст од 50-59 години, 3 смртни случаи се пријавени од возрасната група 40-49 години и 20 во возрасната група од 30-39 години, се наведува во извештајот.

Поврзани новости