Излета автомобил во Кумановско, тешко е повреден малолетник од Кратово

by Fokus

МВР информира дека денеска во 04.40 часот било пријавено дека во Куманово, на патот кој води до с. Проевце, Кумановско патничко возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.В.(25) од Кратово, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник од Кратово, а со телесни повреди се здобиле возачот и уште еден малолетен сопатник, констатирани во Општата болница Куманово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Поврзани новости