Изгорен стан во пожар кај зграда во Ниш: Тројца се задушиле од чадот

by Fokus

Нишката полиција ги утврдува причините за пожарот што избувна синоќа околу 23 часот во зграда на улицата Врањанска во тој град. Причинета е голема материјална штета, додека еден стан бил целосно изгорен.

„Три лица побарале лекарска помош поради вдишување чад, но немале сериозни компликации. На пожарникарите им требаше речиси еден час за да го изгаснат пожарот и да спречат ширење на другите станови. Во тек е истрага која ќе покаже од што дошло до пожарот“, велат од Полициската управа во Ниш.

Жителите на зградата на улицата Врањанска сметаат дека причина за пожарот е шпоретот што го оставиле нивните соседи.

Поврзани новости