Изгореа два стана во Штип, има и повредени

by Fokus

Пожар избувна во зграда на улицата „Широк дол“ во Штип. Според командирот на ТППЕ-Штип, Дарко Коцев опожарени се два стана во зградата. Известувачот на МИА беше на лице место, кога се евакуираа станарите од станбената зграда.

Пожарникарите со маски и боци со кислород ги извлекуваа станарите од зградите. Коцев вели дека пожарот е изгаснат, а дојавата е од страна на станарите во 18.35 часот. На терен се излезени 16 пожарникари со четри возила на ТППЕ-Штип.

Според надлежните од Итната медицинска помош во пожарот полесно се повредени две лица, на кои медицинскиот тим им даде и кислородона поддршка. Полицијата е самото место, по што ќе следи увидот и утврдување на причините за пожарот.

Поврзани новости