Изгоре кабина од камион на автопат, интервенирала пожарна

by fokus

Пожар избувнал во кабина на камион марка „МАН“, синоќа на магистралниот пат Гостивар-Охрид, на околу километар под каменоломот „Јефута“. Камионот бил со албански национални ознаки, а при гаснење на пожарот интервенирала противпожарна единица од Гостивар.

„Со товарното моторно возило управувал Б.И.(65) од Р.Албанија, во него се превезувало старо железо од Скопје кон Елбасан-Р.Албанија. Пожарот избувнал во задниот дел на кабината од неисправна инсталација и се проширил на целата кабина која во целост изгорела. Во 01,05 часот од екипа на Територијалната противпожарна единица-Гостивар, пожарот бил изгаснат. Извршен бил увид. Се работи на целосно расчистување на случајот“, велат од полицијата.

Поврзани новости