Кој го користел службениот „ренџ ровер“? МВР се уште проверува

by fokus

Лускузниот теренец „Ренџ Ровер Дискавери Спорт”, во сопственост на МВР, кој беше фотографиран во Грција наводно го користела ќерката на директорот на Бирото за јавна безбедност, Лазо Велковски, објави порталот „Нет прес“.

Од МВР нема потврда за оваа информација. Од таму велат дека се уште траат проверките и дека ќе излезат со соопштение најдоцна до утре. Сепак, посочуваат дека возилото во моментов е во Скопје, каде било и вчера и завчера.

Според извори на „Нет прес“ во возилото биле видени четири девојки кои заминале на летување во кампот „Евридики“.

Поврзани новости