Четири пеплосани канцаларии, уште неколку зафатени. Синоќешниот пожар во Министерството за правда ја зафатил и една од најважните простории. За Телма од оттаму потврдуваат дека знаат дека се изгорени документи во архивата на Секторот за меѓунардона правна помош. Во таа архива со сигурност била сместена и комплетната документација, преписките со Грција за екстрадицијата на бегалаците и поранешни тајни агенти Горан Грујевски и Никола Бошковски, обвинети од Специјалното јавно обвинителство за прислушување и уништување опрема во УБК.
„Една од зафатените канцаларии е Секторот за меѓународна правна помош, заедно со дел од архивата. Не знаеме колку материјали се уништени, ниту кои документи. Во овие простори се работат и се чуваат и екстрадиционите предмети. За среќа и да се уништени пишаните документи, тие дополнително се чуваат во електронска форма во компјутерскиот систем на министерството“, велат од министерството.