Коѕијас пристигна во Охрид, Димитров не го пречека на аеродром

by fokus

Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас попладнево со грчкиот владин авион слета на охридскиот аеродром.

Македонскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров, не беше меѓу делегацијата која го пречека Коѕијас на аеродромот, Свети Апостол Павле. 

Вечерва министрите ќе имаат работна вечера, а официјалната средба е закажана за утре во 9 часот во Охрид. Очекувањата се дека утрешната средба може да ги приближи ставовите околу спорот со името.

Поврзани новости