Избегната трагедија на аеродромот во Белград

by Fokus

Денеска на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград околу 14 часот била избегната сериозна трагедија, пишуваат медиумите од соседството.

Според информациите, летот FZ1746 од Белград до Дубаи можел да биде прекинат само неколку минути по качувањето на патниците. Причината било тоа дека авионот доцна полетал од пистата.

Имено, „Боингот 737-8 МАКС“ го прелетал прагот на пистата на висина од само неколку метри, а патниците не биле свесни дека нивниот живот се наоѓа во опасност.

Поврзани новости