ИВЗ: Екстремизмот и тероризмот никогаш не биле добредојдени во нашите редови

by Фокус

-ИВЗ ги осудува сите форми на насилство , и сме против секаков вид на насилство или екстремизам. Тероризмот никогаш не бил добредојден во нашите редови, затоа што цениме дека тероризмот е кулминација на криминалoт, уште повеќе кога тоа се прави во име на религијата. Ние тоа секогаш ќе го третираме како „црна чума”, се вели во соопштението од ИВЗ, откако МВР во акцијата против терористи од ИСИС, го уапси и имамот на џамијата во Чаир.

Од ИВЗ велат дека тие не се институција за следење или и како институција ИВЗ не е одговорнa за дејствијата на поедници и со тоа кој со што се занимава во приватниот живот. Од страна на судството, бараат транспарентност и праведност, и почитување на човековите права и пресумпцијата на невиност додека не се докаже вината.

-Затоа, се залагаме за функционирање на правната држава, да работат на искоренување на екстремизмот и насилството и ги повикуваме сите меѓународни тела и разни здруженија кои работат во таа насока, во ИВЗ да гледаат како на вистински сојузник во овaa итна работа, соопштуваат од ИВЗ .

 

Поврзани новости