МВР уапси 9 терористи од ИСИС, а 27 се во бегство

by Фокус 18:21
18:21

Во антитерористичката акција „Ќелија“, која денеска ја спроведе МВР, уапсени се 9 лица, а по 27 се трага. МВР ја спроведе акцијата во Скопје, Тетово, Куманово и Струга. Министерот за внатрешни работи, Чавков, информираше дека извршен е претрес во 28 објекти, а претресувани се и домови, но и помошни простории на џамијата Тутунсуз во Скопје, како и во Јаја Паша џамијата.

Осомничените се товарат за организирање и врбување на поединци да заминат во паравоените формации на блискиот исток, но и за учество во силите на ИСИС. Според информациите на МВР, околу 130 државјани на Македонија досега биле или се уште се наоѓаат на фронтовите во Сирија и Ирак.

- Advertisements -

Меѓу приведените, кои денеска беа на распит скопскиот кривичен суд, е и  имамот на џамијата Тутунзус и Јаја Паша џамијата.

Поврзани новости