Иванов за тепачите: Зошто да не им се помогне на луѓе кои ги завела толпата и емоциите

by fokus

Претседателот Ѓорѓе Иванов во гостување на телевизија Канал 5 меѓу редови ја спомена амнестијата на осомничените и обвинетите во насилните протести на 27. април, но рече дека за тоа треба да одлучи Парламентот.

-Ние во 2001 година имавме воен конфликт, па најдовме начин за помирување. Доколку сакаат новите пратеници, новиот состав на Собранието да покажат акт на добра волја, на помирување, нека го направат тоа што беше направено после конфликтот во 2001. Тогаш знаевме дека Собранието  амнестираше воени злосторници и зошто сега да не им се помогне на луѓе кои ги завела толпата и емоции, рече Претседателот Иванов.

Според него, после доделувањето на мандатот државата ќе влезе во период на нормализација на состојбите и се надева дека ќе има помирување меѓу народот.

Поврзани новости