Германија: Иванов требаше порано да го додели мандатот

by fokus

Оваа одлука требаше одамна да се случи и конечно го рефлектира исходот од изборите во декември 2016 во земјата, реагира амбасадата на Германија во Македонија за доделувањето на мандатот.

-Добро е што претседателот Иванов попушти и престана да го блокира формирањето на новата влада. Претседателот на СДСМ, Заев сега го има мандатот за формирање влада. Тоа е првиот важен чекор за надминување на политичката криза во која земјата се наоѓа.
Ги повикуваме сите актери во Скопје сега конструктивно да соработуваат, а тоа важи и за претстојните коалициски преговори, се вели во соопштението.

Оттаму испратија и предупредување до политичките актери во Македонија да престанат со интриги и блокади и да им служат на интересите на граѓаните.

-Македонците не заслужуваат врз нивниот грб да се водат политички интриги.
Она што ѝ е потребно на земјата и она што нејзините граѓани со право го очекуваат е брзо формирање на нова влада, која брзо ќе се зафати со целосно спроведување на Договорот од Пржино и на реформските приоритети. Потребни се длабоки реформи за да продолжи македонскиот пат кон евро-атлантските интеграции, стои во соопштението.

Поврзани новости