Иванов не му го дава мандатот на Заев, бара потпис од 61 пратеник

by fokus

Претседателот Ѓорге Иванов не му го дава мандатот на Зоран Заев, се дури не докаже дека има мнозинство за формирање нова влада.

По повеќе од два часа, Заев излезе од средбата со претседателот и рече дека Иванов порачал дека СДСМ не може да добие мандат за формирање влада, бидејќи била второпласирана партија со број на мандати.

За да му го мандатот за состав на влада, Иванов побарал од Заев да докаже дека има мнозинство и до неговиот кабинет да достави потписи од 61 пратеник.

Поврзани новости