Гаши: Топката е во Собранието, кој има мнозинство нека формира влада

by fokus

-Претседателот Иванов, топката ја префрли во Собранието.Кој има мнозинство тој нека направи влада, рече Африм Гаши од БЕСА, по средбата со шефот на државата.

Од партијата најавија дека својот став подетално ќе го образложат во соопштение.

Инаку, претседателот одби да му до додели мандатот на Зоран Заев, со образложение дека СДСМ била второпласирана партија со број на мандати. Иванов рече дека мандатот ќе го додели на онаа партија, која ќе докаже дека има мнозинство за состав на влада и ќе достави потписи од 61 пратеник.

Поврзани новости