Груевски си замина без изјава, се очекува обраќање на Иванов

by fokus 20:51
20:51

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Греувски предмалку си замина од средбата со претседателот на државата Ѓорге Иванов, но не даде изјава за медиумите.

Претходно, во партиските соопштенија од ДПМНЕ порачаа дека тие „ќе се прилагодат на се што ќе одлучи претседателот”.

Иванов пак, рече дека мандатот ќе го даде на онаа политичка партија која ќе докаже дека има мнозинство за формирање на влада, односно ќе приложи потписи од најмалку 61 пратеник.

Од кабинетот на претседателот најавија обраќање на Иванов, на кое ќе ги образложи аргументите за својата одлука.

Поврзани новости