Иванов не е информиран за вчерашните разговори во Виена

by fokus

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска изјави дека нема информации за текот на вчерашните разговори за спорот со името што во Виена ги водеа македонскиот и грчкиот министер за надворешни работи, Никола Димитров и Никос Коѕијас, под покровителство на медијаторот на ОН Метју Нимиц. Иванов истакна и дека засега не е планирано одржување лидерска средба.

– Од вчерашната средба се уште немаме никакви информации. За се што се разговарало треба да го прашате министерот за надворешни работи и ова прашање да го поставите до Владата, изјави претседателот Иванов одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата по средбата со неговата хрватска колешка Колинда Грабар Китаровиќ.

Поврзани новости