483
Претседателот на Македонија Ѓорге Иванов од денеска до 23 септември ќе престојува во работна посета на Соединетите Американски Држави, каде ќе учествува на 71. сесија на Генералното собрание на Обединетите Нации во Њујорк.
Претседателот Иванов, како што соопштуваат од неговиот кабинет, ќе има обраќање на генералната дебата на 71-та сесија на Генералното собрание на Обединетите Нации на тема „Одржливи развојни цели: универзален притисок за трансформирање на нашиот свет“. Воедно, македонскиот претседател ќе се обрати на пленарната сесија на состанокот на високо ниво на Генералното собрание на Обединетите нации посветена на големите движења на бегалци и мигранти.