Силна експлозија во Њујорк – повредени 29 лица

by Fokus

Најмалку 29 лица се повредени во експлозијата која силно одекна во градот Челси на Менхетен во Њујорк.

Потврдена е информацијата дека втора експлозивна направа е пронајдена во близина на местото каде што избувна експлозијата. Тоа претставува лонец под притисок, обложен со изолирбан, од кој штрчат жици. Се претпоставува дека тој бил поврзан со мобилен телефон, пишува Си-Ен-Ен.

Слика од уредот беше распространета во социјалните медиуми. Тој беше откриен од федералните агенти и специјалисти за расчистување на експлозиви. Кон него била закачена белешка, но уште не се знае што пишува на неа.

Според градоначалникот, има првични индиции кои покажуваат дека експлозијата е предизвикана намерно. Според него, местото на инцидентот, кој се случи на фрекфентна улица во еден од најпопуларните области, се смета како место на злосторство.

Поврзани новости