Претседателот Иванов го поздрави постигнатиот договор меѓи лидерите и воспоставувањето дијалог меѓу инситуцииите. Тој очекува дека во најбрз рок ќе се нормализира политичката клима и дека ќе се врати посветеноста кон евроинтеграциите на Македонија.
-На ова поле ни престојат предизвици за кои ни трееба обединетост, доверба и соработка- истакна Иванов.
Иванов потенцираше дека партиите мора да ја сфатат улогата која ја имаат во општеството и да ги анализираат последиците од сите нивни активности.
-Сите треба да извлечеме поука од оваа криза. Со договорот сите ја препознаваме европската моќ. Барам Европскиот совет да ја вреднува покажаната конструктивност на лидерите и во брзо време да донесе одлука за почеток на пристапните преговори со ЕУ, како важен предуслов за продолжување на интеграциите, но и како брана на превенција од вакви кризи- рече тој.
Претседателот се надева дека одредбите од договорот нема да бидат мотив за гола борба за власт туку натпревар на идеи и програми.