Ивана и Милош сакаат само да знаат каде ќе почива нивното девојче

by Fokus

Потрагата по двегодишната Данка Илиќ влезе во 15-тиот ден.

Телото на девојчето се уште не е пронајдено. Ивана и Милош, нејзините родители само сакаат да знаат каде ќе почива нивното дете.

Полицијата и спасувачките екипи секојдневно ја пребаруваат областа по телото на девојчето. Иако двајцата осомничени во полиција го признале делото, местото каде што е телото се уште е мистерија, а се се усложнило со тоа што во Обвинителството едниот се бранел со молчење, а другиот ја сменил приказната.

Полицијата во потрага по Данка извршила преглед на поголем број куќи и возила, како и ГПС приемници и телефони преку базни станици.

Во потрагата по Данка досега продолжуваат да учествуваат голем број полицајци, пожарникари, спасувачи и жандармерија. На терен излегле повеќе од 40 припадници на Управата за криминалистичка полиција.

Полицијата извршила увид во 158 куќи со бавчи и 175 станови во осум згради, како и 360 возила, од кои 30 биле легитимирани на снимките од надзорните камери, а со возачите е извршен разговор. Во временскиот интервал кој беше од интерес на полицијата, во Бањско Поље влегле 17 автомобили, а два излегле.

Прегледани се снимки од 10 камери во населбата Бањско Поље, а полицијата разговарала со 45 лица од кои собрала различни информации.

На полиграф се однесени 15 лица, а податоците добиени на тој начин се користат како помош во истрагата.
Полицијата ги прегледала и дневниците на базните станици, за да утврди кој се движел низ населбата во моментот на исчезнувањето на Данка.

На базните станици се регистрирани 41.751 телефони, додека на излезот од Бор што го покрива Бањско Поље се евидентирани 24.455 телефонски броеви, од кои 916 се регистрирани онлајн во критичното време на 26 март.

Неколку дена подоцна, на 2 април, полицијата ги зела телефонските броеви на 658 жители на Бањско Поље за полесна анализа на базните станици.

Исто така, пресретнати се 175.000 комуникации – телефонски и смс-пораки.

Поврзани новости