Груби: Тезите на ВМРО-ДПМНЕ дека Ахмети е стопан во државата се неточни

by Fokus

„Тезите на ВМРО-ДПМНЕ дека Али Ахмети е стопан во државата, дека Македонија е во негова сопственост а Македонците се граѓани од втор ред се неточни“.

Ова го изјави потпретседателот на ДУИ, Артан Груби во поткастот „Политиканти“.

Тој зборуваше и за идејата да одат одвоено од СДСМ на претстојните избори.

„Тезите на ВМРО-ДПМНЕ дека ДУИ диктира и дека Македонците се граѓани од втор ред се неточни. Ние сами почнавме да формираме европски фронт. Ние поминавме цели месеци со нашето гласачко тело подготвувајќи ги за нов европски фронт без СДСМ бидејќи тие се повлекоа. Потоа, други анкети покажаа дека СДСМ и ДУИ заедно би победиле на избори но беше доцна за формирање предизборна коалиција“, рече Груби.

Груби вели дека и ДУИ и СДСМ биле државотворни партии и најважните чекори ги преземале заедно за добробитта на државата.

„Се што е добро за државата сме направиле заедно со СДСМ – ние сме државотворни партии. Во однос на стратешките прашања бевме секогаш на прав пат“, рече Груби.

 

Поврзани новости