Остин: Немаме докази за геноцид во Газа

by Fokus

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин на денешното сослушување на Комитетот за вооружени служби во Сенатот рече дека САД немаат докази дека Израел врши геноцид во Газа.

Сенаторот Том Котон го праша Остин дали Израел врши геноцид во Газа, на што американскиот секретар рече: „немаме никакви докази за геноцид“.

Остин, исто така, го негираше „обвинувањето дека (тој) го потпалил геноцидот“, велејќи дека САД „се обврза да му помогнат на Израел во одбраната на неговата територија и неговиот народ преку обезбедување безбедносна помош“.

Израел се соочува со обвиненија за геноцид од декември, кога Јужноафриканската република (ЈАР) покрена случај пред Меѓународниот суд на Обединетите нации за правда во кој се тврди дека „актите и пропустите на Израел“ во Газа „се геноцидни по карактер“ и побара судот да му наложи на Израел да ги прекине воените операции. КМСП не нареди дека Израел мора да ја прекине борбата, но рече дека мора да преземе чекори за да спречи геноцид во Газа.

Поврзани новости