Италијанската полиција заплени 353 килограми кокаин и уапси четворица Албанци

by Fokus

Припадниците на италијанската полиција од секторот за борба против трговија со наркотици заплениле 353 килограми кокаин и уапсиле четворица албански државјани.

Акцијата била спроведена во регионот на Лигурија, но истрагите ги водел секторот за антимафија од Бари, кој извесно време ги следел четворицата албански шверцери со дрога.

– 353-те килограми кокаин, што е меѓу најголемите заплени досега се откриени во едноставна хотелска соба во општината Челе Лигуре, каде четворицата албански државјани престојувале неколку дена, јавија албанските медиуми.

Според истиот извор, четворицата Албанци се непознати лица во реонот каде што се уапсени, а сопственикот на хотелот не бил вмешан во овој настан.

Поврзани новости