Историската комисија се стави во служба на бугарскиот неоврховизам, реагираат од „Левица“

by fokus

По одржаниот брифинг на заедничката македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања се потврди дека работата на оваа комисија не се темели на никаква научност и независност – туку истата е продолжена рака на владејачкиот режим, реагираат од партијата „Левица“ по објавените препораки на македонско-бугарската комисија.

– Бугарските историчари ликуваат дека двегодишната битка за одбрана на бугарската позиција во историските спорови со Македонија стигна до прва победа.

Бугарската страна потврди дека е прифатено дека Цар Самуил е бугарски цар, учениците на Кирил и Методиј на покана на кнезот-покрстител Борис-Михаил го шират нивниот збор низ бугарското царство, а Преслав и Охрид се бугарски книжевни центри.

Парцијално и надвор од контекст ќе се толкува целиот период од почетоците на словенската писменост, кое е прашање што ги засега не само Македонците, туку и сите словенски народи. Како може јазикот на несловенски народ да биде темел на словенската писменост е прашање кое „научниците“ кои ја договориле ваквата интерпретација на историјата треба итно да го одговорат!
Оние кои беа на погрешната страна и поразени во Втората светска војна, денес ги диктираат нашите учебници – што е флагрантно кршење на суверенитетот на државата, се вели во реакцијата на партијата.

Според нив, под власта на СДСМ и ДУИ Македонија секој ден доживува национални порази – дури и за прашања кои во минатото успешно ги затворила.

-Драги Ѓорѓиев и сите останати членови на историската Комисија се ставија во служба на бугарскиот неоврховизам и се директни извршители на новото национално предавство, велат од „Левица“.

Поврзани новости