Испловува првиот брод со украинско жито од Одеса

by Фокус

Првиот брод со украинско жито ќе исплови денеска од пристаништето во Одеса, соопшти турското Министерство за одбрана. Бродот треба да тргне за Либан во 8:30 часот по локално време.

Бродскиот транспорт на жито од Украина е согласно договорот потпишан во Истанбул на 22 јули меѓу Турција, Руската Федерација, Украина и Обединетите нации, со кој се обезбедува безбеден извоз на житарици и прехранбени производи од украинските пристаништа.

Договорот предвидува отворање на три украински пристаништа – Одеса, Черноморск и Јужни, за транспорт на житото кое не може да се извезува поради војната во Украина. Спроведувањето на договорот ќе го надгледува Заеднички координативен центар во Истанбул.

Поврзани новости