Ирена Мулачка од Фокус ја доби првата награда за најдобра истражувачка сторија на ЗНМ за скандалот “Онкологија”

by Fokus

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) на својот 78-ми роденден ги додели годишните новинарски награди.

Првата награда за истражувачко новинарство „Јашар Еребала“ ја доби Ирена Мулачка од Фокус.

Прва награда доби и Мирослава Симоновска од Слободен печат.

Наградата за животно дело „Крсте Петков Мисирков“ ја доби Соња Николовска од Телма.

Наградата за најдобро новинарско известување за теми од локално и регионално значење и припадна на новинарката Анета Блажевска од Независен.

Посебни признанија за истражувачко новинарство им беа доделени на ИРЛ, Петар Клинчарски, Фисник Џелили и Горан Антевски

Поврзани новости