Инцидент со бугарскиот вицепремиер Каракачанов кој промовираше книга за Тодор Александров во Битола

by fokus

Бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов денеска во Битола на промовирањето на книгата за Тодор Александров рече дека спорот за Гоце Делчев помеѓу Македонија и Бугарија е политички, по што дојде до мал инцидент откако битолчанец се обиде да му се спротивстави, јавува Телма.

Организацијата на борци во Битола побара од него да не зборува јавно бидејќи проповедал дека Македонците се македонски Бугари, односно против македонските национални интереси

„Да кажеш дека Гоце Делчев се декларирал како Бугарин затоа што имал бугарски пасош е голема глупост. Во тоа време немало бугарски пасоши“, рекол Каракачанов, инаку претседател на бугарското ВМРО, кое пак е коалиционен партнер на владеачката ГЕРБ.

Тој во Битола бил поканет од здружението „Иван Михајлов“.

Поврзани новости