Сомнителните случаи со коронавирусот од Македонија ќе се тестираат во Ниш

by fokus

Во лабораторија во Ниш ќе проверуваат дали некој македонски државјанин или странец кој бил во Кина е заболен од смртоносниот корона вирус. Нашите ќе праќаат анализи за проверка во Србија се додека наредната недела не пристигнат дијагностичките тестови што ги нарачале здравствените власти, објави Сител.

Епидемиолозите во Македонија се на готовс бидејќи деновиве треба да се вратат група од македонски граѓани кои работат во Кина, но биле на 1000 километри оддалеченост од жариштето на вирусот. По нивното пристигнување ќе проценат дали има потреба да бидат под надзор.

Засега функционира термалната камера на скопскиот аеродром која ги проверува патниците од летовите од Истамбул и Дубаи, а според надлежнте ако има потреба ќе има надзор и на охридскиот аеордром а ќе делат информативни флаери и на граничните премини.

Поврзани новости