Инцидент по вчерашниот меч помеѓу Еурофарм Пелистер и Мешков Брест во Битола

by Fokus

По вчерашниот натпревар помеѓу Еурофарм Пелистер и Мешков Брест во Битола, се случил инцидент откако вработен во обезбедување бил нападнат со тврд предмет.

„Вчера во СВР Битола, П.Ѓ.(23) од Битола, вработен како обезбедување, пријавил дека пред одигрување на ракометен натпревар во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола бил нападнат од Н.П. од Битола со тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информираат од МВР.

Поврзани новости