Кумановскиот градоначалник Димитриевски, веќе втор мандат е на чело на втората по големина општина во Македонија, откако на последните локални избори во Куманово ја победи матичната партија СДСМ, па почна локална соработка со ВМРО. Во интервју за „Фокус“, тој зборува за разидувањето со СДСМ, за неговото граѓанско движење „За наша Македонија“, а се осврнува и на односите со Бугарија. Како што вели, владата на Заев станала софистицирана варијанта на режимот на Груевски.
Разговараше: Фросина ФАКОВА-СЕРАФИНОВИЌ
ФОКУС: Премиерот Ковачевски е Ваш сограѓанин. Каква комуникација имате со него? Го познавате ли лично?
ДИМИТРИЕВСКИ: Да, се познавам лично со г-динот Димитар Ковачевски. Во минатото комунициравме како сограѓани, а не како сопартијци. Да потсетам, г-динот Ковачевски, во режимот на Груевски беше на менаџерската позиција во македонски „Телеком“ и уживаше во благодатите на таа позиција и во друштвото на многу тогашни функционери од власта блиски до ВМРО ДПМНЕ. Тогаш тој немаше време за политички ангажман во СДСМ, кога беше најтешко.
ФОКУС: Дали ви се јавил и дали Ви понудил да се вратите во партијата откако дојде на лидерското место?
ДИМИТРИЕВСКИ: Немам конкретна понуда за враќање на СДСМ директно од Ковачевски, а и да ја има, не би ја прифатил. Но, има голем број луѓе блиски до раководството, па и до Ковачевски кои во својство на емисари нудат различни предлози за кои не сум заинтересиран.
Јас немам намера да ги разочарам граѓаните и да бидам само една нова реприза во практиките на должничко-доверителските односи во политиката и никогаш, ама никогаш нема да ги разочарам тие што гласаа за мене како независен кандидат.
ЦЕЛОТО ИНТЕРВЈУ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК