Здравствените работници: Даваме рок од два-три дена да ни се исплати плата

by fokus

Здравствените работници најверојатно ќе излезат на штрајк, доколку до понеделник не земат плата.

-Го повикавме Фондот за здравствено осигурување да исплати плати и додатоци на плата за сите здравствени работници бидејќи како и останатите граѓани во Македонија имаме камати, извршители, комунални такси – греење, струја, вода, телефон, интернет, телевизија. Освен тоа имаме давачки како што е данок, судски трошоци, кредити, храна итн“, велат од независните синдикати на здравствени работници.

Претседателот на Независниот синдикат на државна администрација, Горан Ристески, вели дека во следните два до три дена ќе остават простор да видат дали ќе има исплати.

-Ова не беше повик за штрајк туку повик како простор за разбирање дека ние вработените во здравствениот сектор сепак зависиме од плата како и другите вработени, дали од јавен или приватен сектор. Ние како групација на независен синдикат од областа на медицината во понеделник ќе одлучиме кои понатамошни дејства ќе ги преземеме доколку Фондот за здравствено осигурување не ги исплати платите и додатоците на плата за сите здравствени работници. Оставаме простор во овие 2-3 дена да видиме што ќе направат тие. Доколку продолжат да неисплатуваат плати од понеделник ќе изразиме друг став и ќе ги известиме медиумите за понатамошните дејства“, додава тој.

Поврзани новости