Иницијативата против екстерното тестирање по три години падна на Уставен

by fokus

Иницијативата за оспорување на екстерното тестирање поднесена од група професори од битолското техничко училиште „Ѓорѓи Наумов“, по три години падна на Уставен суд.

Професорите го оспоруваа начинот на организирање на екстерното, работата на училишната комисија, проверката на тестовите итн.

Иницијативата е отфрлена бидејќи одредбите  и трите правилници  кои професорите ги оспоруваат веќе не се важечки односно не постојат во правниот поредок.

Уставниот суд дополнително ќе утврди термин кога ќе разгледува уште една иницијатива за екстерното тестирање. Таа беше поднесена во септември минатата година од страна на Наставничкиот пленум, а на неа имаше потписи од над 1.000 наставници.

Поврзани новости