Ахмети: Пред нас стои тешка одлука

by fokus

Лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, денеска се сретна со амбасадорот на Кралството Холандија во земјава, Ваутер Пломп.

Во партиското соопштение се наведува дека на средбата, која се одржала во седиштето на партијата во Тетово, Ахмети и Пломп разговарале за ситуацијата по изборите на 11 декември и за иднината на земјата.

-Претседателот на ДУИ истакна дека партијата многу внимателно ја следи состојбата и е свесна за тешките одлуки што треба да се донесат наскоро, земајќи ги предвид создадените околности. Ахмети нагласи дека јазичната еднаквост, системските реформи, економската еднаквост и интеграцијата остануваат приоритети, но и транспарентноста на судските постапки кои резултираа со дилеми во јавноста- стои во соопштението од ДИИ.

Во него се додава дека партијата останува посветена на остварувањето на својата политичка програма во согласност со очекувањата на граѓаните во овие „тешки и предизвикувачки времиња“.

Ахмети зборувал и за потребата од подготовка и одобрување на заедничка платформа на албанските парламентарни партии.

Поврзани новости