ДОМ бара Владата да прогласи вонредна состојба

by fokus

Владата да прогласи вонредна состојба поради екстремното загадување, побара денеска ДОМ.

Портпаролката на партијата, Маја Морачанин, вели дека изминатите неколку години јавно предлагале краткорочни и долгорочни мерки за справување со загадувањето, кои иако влегле во законска регулатива и во програмските документи на институциите, недостасувала волја за нивно доследно спроведување.

„Во услови на 20 пати повисока од дозволената концентрација на ПМ 10 честичките, ДОМ инсистира на следните мерки воведување пар-непар, бесплатен јавен превоз, повеќе автобуси во јавниот превоз и јавен превоз во градови каде што го нема, воведување евтина дневна тарифа за струја на домаќинствата, затворање на градилиштата, зелена зона за пешаци и велосипедисти во центарот, забрана за движење на возила под еуро 4 стандард во градскиот сообраќај, субвенции за печки со целосно согорување и квалитетни горива во домаќинствата, редовно миење на улиците со калциум магнезиум ацетат, строга контрола на индустриските објекти, особено ноќе и за време на викенд и редовно собирање на отпадот“, рече Морачанин.

Поврзани новости