Илјадници обожаватели ја следеа погребната поворка на Шинејд О’Конор

by Fokus

Погребниот кортеж на Шинејд О’Конор минува низ ирскиот град Бреј каде илјадници луѓе се редат по улиците
Во еден момент, луѓето го пееја хитот на О’Конор од 1990 година Nothing Compares 2 U – песната што и донесе светска слава.


Воодушевен аплауз ја поздрави поворката додека таа застана пред домот на пејачката во Бреј, округот Виклоу
Како дел од поворката беше забележан колегата од Ирска рок пејачот Сер Боб Гелдоф.
Откако поворката помина низ Бреј, имаше приватен погреб за пејачката, која почина на 56-годишна возраст. О’Конор пред две недели беше пронајдена во нејзиниот дом во Лондон.

„Луѓето кажуваат како ја гледале на ноќите со отворен микрофон низ градот, и речиси сите со кои разговарав утрово имаат своја приказна за времето кога ја запознале Синеад О’Конор и колку таа била љубезна со нив“, објави Би-Би-Си

 

Поврзани новости