Идната недела ќе се расправа за разрешувањето на Беса Адеми – неизвесно дали ќе присуствуваат медиумите

by fokus

На последниот работен ден оваа година, Судскиот совет ќе расправа за барањето за разрешување на претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми, пренесува ТВ Телма.

Според извори на телевизијата, тричлената комисија на известители во петок на 29 ти декември закажала расправа на која и лично Адеми ќе може да даде своја одбрана на наводите со кои се бара нејзино разрешување.

Судскиот совет треба да се произнесе дали на оваа седница ќе присуствуваат медиумите и невладините со оглед на тоа што Адеми најави дека ќе бара јавност.

Минатата недела на новинарско прашање за иницијативата за нејзино разрешување, Адеми кусо одговри дека ваквите постапки се од доверлив карактер, но дека таа би барала јавност со цел пошироката јавност да биде информирана.

Односите меѓу судски совет и претседателката на највисокиот суд ескалираа по нејзиното интервју во кое говореше за политички притисоци врз судиите и како еден од начините за влијание ја спомена секогаш присутната закана дека може да бидат разрешени.

Поврзани новости