И Заев му честиташе на Ердоган: Очекуваме поддршка од Турција за НАТО

by fokus

Премиерот Зоран Заев упати писмо со честитки до претседателот Реџеп Таип Ердоган по повод победата на претседателските избори во Турција.

Во честитката, македонскиот претседател ги реафирмира традиционално добрите односи со Турција и изразува надеж за понатамошно унапредување на соработката во сите полиња од заемен интерес.

– Традиционалните пријателски односи помеѓу нашите две земји долги години се пример за меѓусебно разбирање и помагање во насока на развој на нашите општества и градење подобра иднина помеѓу нашите држави и нашите народи, наведува Заев.

Тој додава дека во духот на долгогодишното пријателството, меѓусебната поддршка и соработката, ја очекува турската поддршка за аспирациите на Македонија за полноправно членство во НАТО.

Поврзани новости