Поради недисциплина македонските одбојкари предвреме ќе бидат вратени од Медитеранските игри

by fokus

Македонската одбојкарска репрезентација неславно го заврши своето учество на Медитеранските игри што се одржуваат во шпанскиот град Тарагона, објави телевизија Сител.

 Откако ги загубија двата меча (Турција и Шпанија), а со тоа и шансите за пласман во четвртфиналето, македонските одбојкари, поради недисциплина и недолично однесување во кампусот во Тарагона, се казнети, па веќе утре или задутре ќе бидат вратени дома.

Иако во Тарагона требаше да останат до до крајот на игрите, сепак недоличното однесување кое траело во доцните вечерни часови (неофицијално до 3 часот наутро), на што реагирале организаторите, но и другите олимписки национални делегации присутни таму, е главната причина поради која Македонскиот Олимписки Комитет реши да ги санкционира одбојкарите и веќе утре или задутре (во зависност од авио конекциите) да ги врати во Скопје.

Ова е уште еден неславен настап на нашите одбојкари, кои со своите настапи во Европската Сребрена Лига беа далеку од очекуваното, па ниту предноста на домашниот терен на фајнал-фор турнирот не успеаја да ја искористат, за на крајот да завршат како 4-то пласирани и тоа со само две победи над Косово и дури шест порази.

Поврзани новости