И за Саемот на книга ќе биде потребно вакцинален сертификат или потврда за прележан Ковид-19

by Fokus

Љубителите на пишаниот збор со нетрпение го чекаат овогодинешниот Саем на книга кој ќе се одржи од 8-ми до 14-ти септември на отворено кај спортската сала „Борис Трајковски“ во Скопје.

Сепак, читателите не ги радува воопшто веста дека за влез на овој настан, ќе мора да приложат сертификат за вакцинација или потврда за прележан ковид-19.

„Протоколите се засега такви и ние мора да ги почитуваме истите. Како што е за влез во трговски центри, но, и на останати културни настани, така ќе биде и за овогодинешниот Саем на книга. Во случај на некакви промени, јавноста ќе биде навреме информирана“, ни изјави Наташа Атанасова од Македонската асоцијација на издавачи.

Ваквата одлука очигледно ќе го преполови бројот на посетители на овој настан, кој од година во година е се повеќе популарен кај граѓаните.

Јорданчо Цветаноски

Поврзани новости