Димитриевски ги собра потребните потписи за независна кандидатура

by Fokus

Актуелниот градоначалник на општина Куманово, Максим Димитриевски, кој најави дека ќе се трка за нов четиригодишен мандат како независен кандидат, информира дека според информациите што ги има веќе го собрал потребниот број граѓански потписи за независната кандидатура.

-Според последните информации што ги добив во 13 часот, потписите на поддршка од граѓаните за нов четиригодишен мандат како градоначалник на Куманово се веќе собрани. Им благодарам на сите граѓани кои ме поддржаа и веруваме дека и во наредните четири години ќе продолжиме со упорната работа да го менуваме ликот на Куманово и да го забрзаме неговиот развој, изјави Димитриевски пред спомен – костурницата во Куманово.

Поврзани новости