И во 2007-ма Владата беше гранатирана!

by Фокус

Пред точно шест години Владата информираше дека две гранати биле истрелани од тромбонски минофрлач кон зградата на „Илинденска“ бр.2 во терористички напад по полноќ. Инцидент многу сличен на оној кој според МВР се случил и вчеравечер.

Тогаш информациите беа дека проектилите ја промашиле зградата. Едниот експлодирал спроти владината зграда, непосредно пред почесниот јапонски конзулат, а вториот удрил во стеблакот на едното дрво кај детското игралиште спроти бензинската пумпа на „Макпетрол“, на улицата Орце Николов.

– Владата утринава беше предмет на терористички напад. Повредени нема, но истреланите гранати може да бидат смртоносни ако во близина се најде жива сила. Владата им порачува на сторителите и наредбодавците на овој чин дека ќе се најдат зад решетки. На политичките инспиратори им порачуваме дека пораката е примена и оти со овој чин само ја зацврстија нејзината одлучност да продолжи со истите политики што ги спроведуваше и досега – изјавил во 2007 тогашниот владин портпарол Ивица Боцевски.

Поврзани новости