Активистката Димитрова: „Јавна соба“ треба да се разгледува од феминистичка перспектива

by fokus

Активистката за женски права, Калиа Димитрова денеска беше гостинка во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“. Таа говореше за аферата „Јавна соба“, која го отвори прашањето колку е феминизмот потребен во вакви социјално општествени услови, каде што на површина излегуваат прашањата дека жените се всушност секогаш жртви.

– Мислам дека е важно оваа тема околу групата „Јавна соба“ да се разгледува од феминистичка перспектива. Во многуте дебати што се случуваа, изоставуваше јасно да се именува дека ова е проблем на родово – базирано насилство. Мислам дека тоа е многу важно да биде идентификувано како такво- вели во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, Калиа Димитрова, активистка за женски права.

Поврзани новости