И шурата на Иванов купил два стана во истата зграда

by fokus

Покрај претседателот Иванов, во истата зграда на Водно два стана купил и неговиот шура. Во деталниот преглед на податоците за катастарската парцела до која дојде телевизија 24 со барање за слободен пристап до информации, стои дека до синот на Иванов ќе живеат и неговите братучеди. Братот на првата дама, Сашо Тоневски купил по еден стан за синот и за ќерката. На вториот кат, каде се наоѓа и поголемиот стан на Иванов, шурата купил стан од 109 метри квадратни. Вториот стан е исто на мансардата како Иванови, од 96 метри квадратни. И двете деца имаат и по една гаража.

Ова не е единствениот имот на братот на Маја. На име на Тоневски во катастарот се запишани уште неколку стана. Шурата на Иванов во 2016 година беше прозван од портпаролот на тогашната опозиција, Петре Шилегов, дека неговата фирма „Делфино травел балканс“ била основана со сомнителни пари од Панама. Една недела откако изби аферата Панама пејпрс, фирмата преку ноќ била избришана од Централниот регистар. Иванов тогаш ја демантираше веста на опозицијата и најави тужба, која никогаш не стигна до СДСМ.

Поврзани новости