Брзо се шири пожарот на Скопска Црна Гора

by fokus 19:52
19:52

Се шири пожарот на Скопска Црна Гора. Како што јавува репортерот на ТВ21, моментално зафатена е поголема површина од страната на Куманово, кај местото викано Влајин гроб и полека се шири кон с. Никуштак, с.Виштица и кон с. Матејче во горниот дел од планинскиот превој.

Гори ниска мешана шума и бор, а Противпожарната бригада на Град Скопје добила дојава за пожарот денеска околу 10 часот, по што веднаш испратиле екипи на терен.

- Advertisements -

Поврзани новости